СЕ КОНСТИТУИРАШЕ НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ, ПЕНДАРОВСКИ ВО РОК ОД 10 ДЕНА ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРА СО ПАРТИИТЕ ДА ВИДИ КОЈА ИМА ОБЕЗБЕДЕНО МНОЗИНСТВО

    СЕ КОНСТИТУИРАШЕ НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ, ПЕНДАРОВСКИ ВО РОК ОД 10 ДЕНА ЌЕ СЕ КОНСУЛТИРА СО ПАРТИИТЕ ДА ВИДИ КОЈА ИМА ОБЕЗБЕДЕНО МНОЗИНСТВОПретседавачот Талат Џафери им честиташе на колегите пратеници и кажа дека од овој момент, мандатот на претходните, заврши. (Фото: Собрание)

    Со 116 гласа „за” и ниеден „против“ од присутните пратеници, се конституираше новиот собраниски состав.

    Претседавачот Талат Џафери им честиташе на колегите пратеници и кажа дека од овој момент, мандатот на претходните, заврши.

    Заврши и мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски и на министрите во владата, но тие ќе останат секој на својата должност, на чело со Спасовски, до изборот на новата влада.

    Шефот на државата Стево Пендаровски во рок од 10 дена треба да се консултира со партиите, да види која има обезбедено парламентарно мнозинство и да го даде мандатот за формирање нова влада.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира