СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ТЕСТИРАЊА ОТИ СЕ НАМАЛУВА И БРОЈОТ НА ЛИЦА СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

    СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ТЕСТИРАЊА ОТИ СЕ НАМАЛУВА И БРОЈОТ НА ЛИЦА СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19Во земјава купно се направени 16. 436 тестови.(Фото: Ѓ. Личовски )

    Намалениот број на тестови се должи на тоа дека се намалуваат инцикациите за тестирања, кажа министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во Владата.

    „Утрово разговарваме на Комисијата за заразни болести и констатацијата е дека се намалуваат и индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и ова оди во насока на стишување, на намалување на епидемијата, нешто што го очекувавме во овој период“, кажа министерот.

    Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1. Во земјава има  регистрирано позитивни случаи 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во бројот на активни случаи е 650.

    Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а на Институтот за јавно здравје се направени 287. Вкупно се направени 16. 436 тестови.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира