СЕ ПЛАНИРА НОВ ДАНОК ЗА ЕКСТРА ПРОФИТ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ

    СЕ ПЛАНИРА НОВ ДАНОК ЗА ЕКСТРА ПРОФИТ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БЕСИМИБесими вели дека за данокот се дебатира со стопанските комори. (Фото: СДК.МК)

    Со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји, со што на оние компании кои имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју на Радио Слободна Европа.

    „Дискусијата што сега се води со коморите е во однос на посебен, нов вонреден данок, а тоа е данок на дополнителна екстра добивка, што значи дека по примерот на другите земји, како Велика Британија, Италија, Унгарија, Хрватска итн, значи дури има и директива, препорака од земјите членки на ЕУ, земјите да оценат и да го користат тоа во вид на солидарност. Тоа што ние сега го дискутираме со стопанските комори е дека во последните четири години они компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво и ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднократен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка не се земаат предвид за оданочување“, рече Бесими.

    Министерот додава дека се во фаза на дебата и „доколку наидеме на разбирање, иако секако ќе има реакции, може тоа да придонесе“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира