Почна поставувањето на новите 19 табли на автопатот „Пријателство“, претходно „Александар Македонски“. Називот на автопатот беше сменет со владина одлука пред месец дена.
Новите табли на автопатот „Пријателство“ ќе бидат напишани на два јазика: македонски и англиски и ќе чинат околу пет милиони денари.
Минатиот викенд беа отстранети буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аерoдром „Александар Велики“.
Владата на 4 февруари донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики. Новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport). Тогаш беше сменето и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“.
Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.