СЕ ПРЕБРОЈУВААТ ЛИЦАТА ШТО ГУБАТ МНОГУ ПАРИ ВО ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ ПРЕБРОЈУВААТ ЛИЦАТА ШТО ГУБАТ МНОГУ ПАРИ ВО ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ

    Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ќе прави измени на неколку закони со кои се уредува членувањето во вториот пензиски фонд откако минатата недела Народниот правобранител предупреди дека над 300 граѓани ќе изгубат многу пари затоа што се зачленети во вториот пензиски фонд. Измените, според најавите, ќе повлечат реформа и во ПИОМ, но што точно ќе биде сменето, Министерството ќе одлучи откако утре ќе ги добие опсежните податоци од пензиските друштва, МАПАС и ПИОМ.

    Овие законски измени нема да можат да се направат додека не профункционира новото Собрание оти нема кој да ги изгласа.

    Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими вели дека воопшто не се размислува за укинување на приватните пензиски фондови, зашто според нивните проценки, тие работат успешно.

    “Тростолбниот пензиски систем оди во добра насока, ова е само исклучок. Постои работна група која функционира во Министерството за утврдување на состојбата во однос на членовите за коишто членството во вториот столб не е поволно. Утре ќе ги добиеме податоците, а ќе ни требаат околу две недели да се дадат предлози како понатаму”, вели министерот за труд и социјална политика.

    Народниот правобранител предупреди дека над 300 граѓани ќе изгубат многу пари затоа што се зачленети во вториот пензиски фонд. Станува збор за осигуреници кои во 2005 година имале околу 10-15 години до пензионирање и не требало да станат членови на двостолбниот пензиски систем. Тие биле фрапирани кога по поднесеното барање за пензија, ПИОМ им пресметал далеку пониски пензии од она што реално требало да го добијат.

    Од Министерството денес велат дека таа бројка не е точна, но во моментот не знаат колку лица се засегнати. МТСП не ја исклучува можноста парите од приватните фондови на оваа категорија осигуреници да им бидат вратени во ПИОМ. Новите законски измени може да важат ретроградно, така што парите ќе им бидат вратени на сите 34 лица колку до сега се пензионирале и од вториот пензиски фонд.

    Освен нив Министерството ќе ги преиспитува и осигурениците кои во моментот на зачленување односно во 2005/2006 година имале над 40 години возраст и повеќе од 5 години пензиски стаж, лица за кои имало евиденција дека првото вработување е по 1 јанауари 2003 година, а всушност имале стаж и претходно ( во друга држава на пример), членови кои го смениле статусот на осигуреници од работник во полицаец и обратно, лица кои самите инсистирале да се зачленат зашто сметале дека така ќе обезбедат заштеда за старост.

    Заклучно со 31.12.2016 година во вториот пензиски столб има 427.025 членови. Собрани се 781 милиони евра или 48 милијарди денари. Во третиот пензиски столб членуваат околку 23.000 лица со средства од околу 16 милиони евра или 996 милиони денари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира