СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА ИЗЛЕЗ ОД СКОПЈЕ КОН ТЕТОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА ИЗЛЕЗ ОД СКОПЈЕ КОН ТЕТОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИПовредените патници се пренесуваат кон болницата „8 Септември“ и Ургентен центар на Клинички. (Фото: СДК.МК)

    Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

    На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и тие се пренесуваат кон болницата „8 Септември“ и Ургентен центар на Клинички. Од таму велат дека се екипирани и подготвени, но засега не можат да кажат со какви повреди се патниците, бидејќи уште ги носат.

    Од МВР сè уште чекаат поконкретни информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира