СЕ РАЗБОЛЕЛ СУДИЈАТА ОСМАН ШАБАНИ, ЗАГРОЗЕНИОТ СВЕДОК ВО „МОНСТРУМ“ НЕ СВЕДОЧЕШЕ

    СЕ РАЗБОЛЕЛ СУДИЈАТА ОСМАН ШАБАНИ, ЗАГРОЗЕНИОТ СВЕДОК ВО „МОНСТРУМ“ НЕ СВЕДОЧЕШЕСудењето продолжува на 22 август. - Дел од обвинетите во „Монструм“ пред Основниот суд Скопје 1 за претходно рочиште (Фото: СДК.МК)

    Изостана денешното сослушување на загрозениот сведок во повтореното судење за „Монструм“, за петкратното убиство на Смиљковското езеро пред 6 години.

    „Ве известувам дека денеска нема ништо да работиме. Во последен момент од претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев дознав дека вчера попладне судијата од овој совет Осман Шабани си заминал дома и оти е на боледување“, рече претседателот на советот Огнен Ставрев.

    „Какви се овие игри? Зошто на среде лето судии легнуваат болни во кревет. Со судов управува еден ист центар. Премиерот Зоран Заев ни вети дека брзо ќе се дојде до вистината. Минатиот суд вака правеше, судијата Ивица се разболуваше во среде лето“, остро реагираа родителите на убиените: Александар Наќевски Филип Славковски Цветанчо Ацковски и на Кире Тричковски, на возраст од 18 до 21 година.

    На 12 април таа година истата квечерина беше убиен и рибарот Борче Стевковски. Мајките денеска го молеа судијата Ставрев: „Судија, ве молиме не ги заборавајте солзите на нашите мртви деца!“.

    Двајца од обвинетите за убиството се избегани во Косово и нив, како што им одговори судијата на разочараните родители денеска, не ги даваат косовските власти. Тоа се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Обвинети за свирепите убиства сè уште остануваат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

    Судењето продолжува по летните одмори, на 22 август.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира