СЕ СКАРАЛ СО ТАТКОТО НА ДЕВОЈКА МУ, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА ЗА КАВГАТА, ПА МУ НАШЛА 500 ТАБЛЕТИ ДРОГА

    СЕ СКАРАЛ СО ТАТКОТО НА ДЕВОЈКА МУ, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА ЗА КАВГАТА, ПА МУ НАШЛА 500 ТАБЛЕТИ ДРОГАПолицијата ја пронашла дрогата по пријава за нарушен јавен ред и мир. (архивска фотографија)

    Скопското обвинителство отвори истрага против 38-годишен тетовец за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако во станот во Скопје, каде што живеел со девојка му, полицијата пронашла поголема количина дрога метамфетамин.

    Полицијата ја пронашла дрогата по пријава за нарушен јавен ред и мир. Осомничениот тетовец имал расправија со таткото на девојка му, која на полицајците потоа им кажала и за дрогата.

    „На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот на улицата ‘Миле Поп Јорданов’ во Скопје, каде осомничениот престојувал со неговата девојка. Констатирале прекршок поради расправија на осомничениот со таткото на девојката, а таа на полицајците им предочила дека осомничениот имал некаков вид недозволени супстанции кои ги чува во нивниот дом. Како непосреден држател на станот таа дала согласност службени лица да влезат во домот и да извршат претрес, при што биле пронајдени 501 таблета од 3,4 метилен-диоксиметамфтамин, стимуланс на централниот нервен систем, спакувана во една поголема најлонска кеса“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.

    На осомничениот му е определен 30-дневен притвор поради опасност од бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира