СЕ СОЗДАВААТ ОКОЛНОСТИ ЗА ДА СЕ СЛУЧИ ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР СО ЦИПРАС, КАЖА ЗАЕВ

    СЕ СОЗДАВААТ ОКОЛНОСТИ ЗА ДА СЕ СЛУЧИ ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР СО ЦИПРАС, КАЖА ЗАЕВ

    Премиерот Зоран Заев вели дека сè уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас за името и дека денови се во прашање.

    „Да не избрзуваме со детали за тоа, сè уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи, граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на завршната конференција на проектот „Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење?“.

    Во врска со изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас дека во игра се три предлози: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира