СЕ СПРЕМА ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО КОЈ ЌЕ СЕ СПРЕЧАТ ДИСКРИМИНАТОРСКИ СОДРЖИНИ, ВЕЛИ МОН

    СЕ СПРЕМА ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО КОЈ ЌЕ СЕ СПРЕЧАТ ДИСКРИМИНАТОРСКИ СОДРЖИНИ, ВЕЛИ МОНМОН вели дека во тек се реформи за обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Се подготовува целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат стереотипни и дискриминаторски содржини, кои се недостатоци во овој сегмент од образованието, вели Министерството за образование и наука (МОН). Соопштението на МОН следи по реакциите на родителите дека во учебникот по македонски јазик од шесто одделение има несоодветна содржина, како на пример реченицата: „Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“. Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е одобрен во 2011, автори се Снежана Велкова и Соња Јовановска.

    Повлечениот учебник од петто одделение

    Од МОН додаваат дека е повлечен учебникот за петто одделение по македонски јазик, поради несоодветна и дискриминирачка содржина, за кој веќе била готова постапката. Автори на повлечениот учебник се Љубица Севдинска и Весна Настоска, издаден во 2010.

    „Во овој учебник за петто се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма. Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали заучениците и наставниците“, велат од кабинетот на министерката Мила Царовска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира