СЕ ВРАЌА ДОМИНАЦИЈАТА НА СУДИИТЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ НА СМЕТКА НА ИЗБРАНИТЕ ОД ПОЛИТИКАТА, ТРОЈЦА НОВИ ЧЛЕНОВИ ПОЛОЖИЈА ЗАКЛЕТВА

    СЕ ВРАЌА ДОМИНАЦИЈАТА НА СУДИИТЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ НА СМЕТКА НА ИЗБРАНИТЕ ОД ПОЛИТИКАТА, ТРОЈЦА НОВИ ЧЛЕНОВИ ПОЛОЖИЈА ЗАКЛЕТВАНовите три члена кои си ги избраа за во Судски совет нивните колеги судии, рекоа дека ќе се посветат на сузбивање на корупцијата во судството и подигнување на неговиот низок рејтинг (Фото:К. Попов)

    Ќе се намали доминацијата на членови на Судскиот совет кои не се судии, туку се нашле таму на предлог на политичките партии и на претседателот на Македонија, изгласани преку Собранието. Денеска заклетва дадоа тројцата судии: Мирјана Радевска Стефкова од Врховниот суд, Зоран Герасимовски од апелационо подрачје Скопје и Ивица Николовски од апелационо подрачје Гостивар, кои на непосредни избори минатата недела беа избрани за членови на Судскиот совет.

    Герасимовски, Радевска-Стефкова и Николовски се изгласани од колегите судии, а не од политиката, на гласањето во судовите на 14 септември.

    На новинарско прашање – дали и натаму судиите од првите генерации на Академијата за судии, кои не се партиски определени, ќе бидат заобиколувани при напредувањето, Радевска-Стефкова одговори дека за унапредувањата ќе одлучуваат критериумите за избор. Забележа дека не само овие, туку и многу судии кои не дошле од Академијата, односно биле избрани пред таа да се формира, многу квалитетно и професионално ја вршат својата функција, а не се унапредуваат со години.

    Програмата на Судскиот совет за справување со корупцијата во судството, во која јасно се опишани сите ситуации и ризици за корумпирање на судии, тие до денеска не ја прочитале, бидејќи не биле во Советот, иако Судскиот совет ја објави на веб-страната една недела пред изборите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира