СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА ОЧНА И НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

    СЕ ЗАТВОРААТ КОВИД-ЦЕНТРИТЕ НА ОЧНА И НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛОВо последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми. (Фото: К. Попов)

    Ковид-центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а денес ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот на денот и тој Ковид-центар ќе биде затворен, соопшти Министерството за здравство. Од минатиот месец е затворена и монтажната болница до Инфективна клиника.

    Во изминатите 24 часа во  Ковид- центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 14 приеми.

    Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.
    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

    Во моментов на Кожната клиника во Ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симптоми на коронавирусот, во Ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

    Во „8 Септември“ има 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

    „Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, додава Министерството.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 40, во  Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 3,во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 11.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 620 болни и има околу 621 празен болнички кревет во Ковид-центрите.

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира