СЕАД КОЧАН ДА СЕ ЈАВИ ВЕДНАШ НА КАПИЈАТА НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“, НАРЕДИ ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1

    СЕАД КОЧАН ДА СЕ ЈАВИ ВЕДНАШ НА КАПИЈАТА НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“, НАРЕДИ ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1Кочан, кој требаше да оди в затвор на 17 јули годинава, бараше одлагање на извршувањето на санкцијата, од здравствени причини. - Кочан пред СЈО (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот Сеад Кочан, правосилно осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци, веднаш треба да се јави на издржување на затворската казна во „Идризово“, му укажа денеска Основниот суд Скопје 1 и преку соопштение.

    Кривичниот совет по жалба на Кочан на решение на судија за извршување санкции, одлучил да му ја одбие.

    „По разгледување и ценење на жалбата, советот донесе решение со кое жалбата ја одби како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. Одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките“, соопшти судот.

    Кочан во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со лажна документација конкурирал на тендер за ископ на јаловина во вредност од 17 милиони евра и победил. Имотот на неговата фирма „Трансмет“ е конфискуван.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира