СЕАД КОЧАН СЕ БАРА СО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕАД КОЧАН СЕ БАРА СО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

    МВР распиша меѓународна и домашна потерница за бизнисменот Сеад Кочан, управителот на „Трансмет“,  кому му е одреден притвор како првоосомничен за случајот „Труст“ на СЈО , потврди за „Алсат-М“ министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

    „Распишани се и централна и меѓународна потерница. Засега не можеме да потврдиме каде би можел да се наоѓа осомничениот од Специјалното обвинителство“, вели Нухиу.

    Кривичниот суд на 9 март одреди притвор од 30 дена за Кочан, но налогот до полицијата патуваше цели 24 часа, и вчера кога МВР доби налог да го приведе во затворот во Шутка, кога го побарале дома тој не беше достапен. МВР вчера изјави дека чека информација од Граничната полиција дали управителот на „Трансмет“ ја напуштил државата, но официјална потврда за тоа сè уште нема.

    Според неофицијални информации објавени во медиумите, Кочан заминал од Македонија уште на 9 март претпладнето, неколку часа пред судот да го одреди притворот, преку граничниот премин Табановце.

    Во меѓувреме, телевизијата „Нова“, која е сопственот на Кочан соопшти дека тој не побегнал, туку дека е на службен пат.

    Одбраната на Кочан, адвокатот Никола Додевски, кој го брани и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во случаите на СЈО, вчера доставил жалба до судот за барањето за притвор.

    Кочан е првоосомничениот во случајот „Труст“ во истрагата на СЈО за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и незаконска проневера на 17 милиони евра државни пари во јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира