СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

    СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“Полициски кордон ги запре демонстрантите кај Бит пазар и не им дозволи да поминат кај судовите. (Фото: МИА/принтскрин)

    Демонстрантите на денешниот протест против пресудите за случајот „Монструм“ се судрија со полицијата, а и ја гаѓаа со камења, при што седуммина полицајци се повредени, објави државната агенција МИА. Нападната беше и екипата на МИА.

    Протестот тргна од Чаир и според најавата требаше да заврши пред Владата, но полициски кордон ги запре демонстрантите кај Бит пазар и не им дозволи да поминат кај судовите. Тука дојде и до нападот врз полицијата, која употреби и шок бомби да ја растури насилната толпа.

    Пресудата за повтореното судење за „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро од 2012 година беше изречена на 23 февруари во Основниот кривичен суд. Доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението беше Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира