СЕДУММИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ НАОЃААТ ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ИЗРАЕЛ, МНР ОТВОРИ ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН

    СЕДУММИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ НАОЃААТ ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ИЗРАЕЛ, МНР ОТВОРИ ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОНИзраелскиот премиер Нетанјаху изјави дека Израел е во војна, откако Хамас утрово лансираше голем ракетен напад на земјата и ја премина границата.(Фото: АП)

    Седуммина македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем на Западниот Брег, кој не е погоден од актуелните случувања во Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Оттаму апелираат до сите македонски државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.

    „За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/273-732 и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378“, велат од МНР.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е во војна, откако палестинската милитантна група Хамас утрово лансираше голем ракетен напад на земјата и ја премина границата. Портпаролот на израелската војска соопшти дека Палестинците досега испукале 2.500 ракети.

    Израелската телевизија „Ченл 13“ објави дека седум населени места се под контрола на Хамас. Досега е потврдено дека има 22 загинати и над 540 повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира