Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска преку свои објави на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се потсмева со одлуката на Велика Битанија за излегување од Европската Унија.
„Сега Шу праиме?!?“, му твитна таа на амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет.
Јанкулоска на својот фејсбук-профил, пак, напиша „Добро утро Европо“ (Good morning Europe), со слика на балон со знамето на Велика Британија.
Јанкулоска е стипендист на Велика Британија, односно како што може да се види во нејзината биографија, таа има магистрирано на кентскиот универзитет, во Кентербери. Во јули 2004 година, универзитетот ѝ доделува награда за посебни достигнувања во областа на правото.