СЕКОЈ ДА ПОСТАПИ ПО СОПСТВЕНО УБЕДУВАЊЕ Е СТАВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

    СЕКОЈ ДА ПОСТАПИ ПО СОПСТВЕНО УБЕДУВАЊЕ Е СТАВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТХристијан Мицкоски пред Германската амбасада, каде што во саботата имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ја соопшти одлуката на неговата партија за референдумот за името на 30 септември, а тоа e секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Во обраќањето од партиското седиште, каде што претходно неколку часа заседаваа партиските тела, Мицкоски имаше долг вовед со негова оценка за ситуацијата во државата пред да го соопшти ставот.

    „ВМРО-ДПМНЕ, по консултации со граѓаните, за апстиненција или да се гласа против, и со оние помалку што беа да се поддржи договорот, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секој да донесе одлука што смета дека е најдобра за неговото семејство и за Македонија. На донесенaта одлука сите ќе се поклониме и тоа е тоа“, го соопшти Мицкоски партискиот став за референдумот.

    На крајот, тој го повика премиерот Зоран Заев на ТВ-дуел за референдумот.

    Тој замина од прес-конференцијата откако го заврши говорот, без да одговара на прашања.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира