СЕКОЈ НОВ СЛУЧАЈ НА ХИВ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНОСТ НА МИНИСТЕРОТ И ПРАТЕНЦИТЕ, ПОРАЧАА АКТИВИСТИТЕ НА ПЕРФОРМАНС ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕКОЈ НОВ СЛУЧАЈ НА ХИВ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНОСТ НА МИНИСТЕРОТ И ПРАТЕНЦИТЕ, ПОРАЧАА АКТИВИСТИТЕ НА ПЕРФОРМАНС ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    „Убијци, убијци, убијци“, денес извикуваа активистите на граѓанската платформа за ХИВ во перформансот пред Министерството за здравство, како протест против одлуката да се намали буџетот за превентивните програми на Министерството за заштита на населението од СИДА.

    Тие алармираа дека ако не се корегира буџетот за 2017 година за превентивните програми, каде место потребните 65 милиони денари, сега е сведен на 27 милиони денари ќе се зголеми бројот на заразени лица со вирусот на ХИВ, а ќе се зголеми и бројот на смртни случаи.

    „Ја алармираме јавноста дека секој нов смртен случај од ХИВ во Македонија ако ништо не се промени ќе биде директна одговорност на министерот за здравство Никола Тодоров и пратениците, кои вчера се распуштија и кои го изгласаа овој срамен буџет. Ќе продолжиме да вршиме притисок, додека овој проблем не се реши, бидејќи се работи за живот или смрт“, рече Андреј Сених, од Здружението за помош на лица кои живеат со ХИВ „Заедно Посилни“. Тој рече дека самото Министерство е свесно дека одвоените пари во буџетот за 2017 година не се доволни да се набават и лекови за болните од ХИВ и за да продолжат да фунционираат сервисите за превенција, кои досега се финансираа со грант од Глобалниот фонд, а од следната година нив треба да ги преземе државата.

    „Со овој срамен буџет лицата кои живеат со ХИВ може да останат без терапија за превенција, не останува ништо. Тоа е неприфатливо. Особено кога, знаеме, и Министерството за здравство кога знае, и знаеше, дека ХИВ инфекцијата во Македонија ќе се зголеми, ако прекинат програмите за превенција на ХИВ. Самото Министерството за здравство, со помош на Светската банка, процени ако се прекинат програмите за превенција дека до 2030 година ќе има 860 ново инфицирани луѓе со ХИВ, и дека бројот на смртни случаи ќе се зголеми за 290. Смрт на македонски граѓани, која може да се спречи“, рече Сених.protest-1

    Тој објасни дека прогнозите според кои бројот на заразени со ХИВ ќе се зголеми за 860 случаи до 2030 година значи дека бројот на лица со ХИВ ќе се зголеми за четри пати повеќе од бројот на лица со ХИВ кои во моментов се лекуваат на Клиниката за инфективни болести. Според граѓанската платформа за ХИВ ова е неприфатливо, бидејќи во светот постои ефикасна терапија со која на пациентите им е овозможен нормален живот, односно имаат можност да имаат семејство и здрави деца.

    „Зборуваме за смрт од ХИВ во 21 век, кога светот планира да стави крај на епидемијата до 2030 година. Кога во Африка вирусот се става под контрола и бројот на новозаразени се намалува, ние во Македонија во 21 век имаме пораст на бројот на нови инфекции и пораст на бројот на луѓе што умираат од СИДА. Зошто? Поради неодговорни одлуки. Поради игнорирање на доказите, индикациите. Поради носење на буџет од ракав. Одговорноста не е само кај Министерството за здравство и министерот Тодоров. Вчера Собранието го усвои овој буџет. Какво е тоа Собрание, какви се тие народни избраници, кои на ваков начин носат вакви одлуки за здравјето на граѓаните“, рече Сених.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира