СЕКОЈ ШТО ЌЕ САКА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДРЖАВАТА ДА ПОТПИШЕ ИЗЈАВА ДЕКА ТРИ МЕСЕЦА НЕМА ДА СЕ ВРАЌА, КАЖА СПАСОВСКИ

    СЕКОЈ ШТО ЌЕ САКА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДРЖАВАТА ДА ПОТПИШЕ ИЗЈАВА ДЕКА ТРИ МЕСЕЦА НЕМА ДА СЕ ВРАЌА, КАЖА СПАСОВСКИЗа вонредната состојба, Оливер Спасовски кажа дека засега нема да смени ништо во поглед на мерките. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Оливер Спасовски уште еднаш апелираше граѓаните да не патуваат и рече дека секој што ќе сака да излезе ќе треба да потпише изјава дека три месеци нема да се врати во државата, на денешната прес-конференција во Владата.

    Спасовски, кој на прес-конференцијата беше придружуван од вицепремиерите Мила Царовска, Радмила Шекеринска и Бујар Османи и министерот за здравство, побара од претседателот Стево Пендаровски да воведе вонредна состојба во траење од 30 дена, за да може да се преземат поефективни мерки за спас на економијата и борба против епидемијата на КОВИД-19.

    „Борбата за спас на граѓаните и на нацијата не е обврска само на овие луѓе во владата, туку на сите поединци во оваа држава. Јас знам дека се изнајмуваат вили и куќи во Соње и во Сопиште и дека се прават журки. При вонредни мерки, нема да може да се прават повеќе такви собирања. Мерките што ќе ги носи Владата при вонредна состојба во однос на слободното движење на граѓаните, ќе зависи од тоа како ќе се почитуваат стандардните мерки на кои секојдневно потсетува министерот за здравство, Владата, лекарите… Ние велиме не патувајте, граѓани не ги почитуваат апелите, 1.331 лице вчера ја напуштиле државата, дел од нив зашто претходно имале купено туристички карти“, додаде Спасовски.

    За вонредната состојба, тој кажа дека засега нема да смени ништо во поглед на мерките.

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа кажа дека 1.331 граѓанин ја напуштиле државата претходните 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира