СЕКОЈА ВТОРА ЖЕНА ВО ЗЕМЈАВА Е ЖРТВА НА ПСИХОЛОШКО НАСИЛСТВО, А СЕКОЈА СЕДМА НА СЕКСУАЛНО, ВЕЛИ СТУДИЈА НА ОБСЕ

    СЕКОЈА ВТОРА ЖЕНА ВО ЗЕМЈАВА Е ЖРТВА НА ПСИХОЛОШКО НАСИЛСТВО, А СЕКОЈА СЕДМА НА СЕКСУАЛНО, ВЕЛИ СТУДИЈА НА ОБСЕСтудијата вели дека најчести форми на насилство врз жените се сексуално насилство - силување вклучувајќи и сексуално вознемирување и сексуална изнуда. (Фото: К. Попов)

    Секоја втора жена во Македонија е жртва на психолошко насилство, а секоја седма жртва на физичко или сексуално насилство, стои во студијата на ОБСЕ за благосостојбата на жените во нашето општество.

    Според истражувањето, 60.000 жени во земјата биле демнети, а 60% од убиените жени во државата се убиени од своите моментални или поранешни интимни партнери.

    „Бараме измени на Кривичниот законик со кој соодветно ќе се санкционираат делата со кои ќе го спречиме насилството врз жените“, вели Љупка Трајановска активистка и истражувачка во Центарот за истражување и креирање политики.

    „Бараме измени на Кривичниот законик со кој соодветно ќе се санкционираат делата со кои ќе го спречиме насилството врз жените“, вели Трајановска.

    Трајановска продолжува дека најчести форми на насилство врз жените се сексуално насилство-силување вклучувајќи и сексуално вознемирување и сексуална изнуда, физичко и психичко насилство, фемициди-убиства на жени, демнење, присилни бракови, присилна стерилизација или присилен абортус, женско генитално осакатување и други. Она што е карактеристично што дел од овие форми им се случуваат на одредени ранливи категории како економски зависни жени, самохрани мајки, млади жени и студентки, жени Ромки и сексуални работнички.

    Но, насилството врз жените, вели раа, не е само затворено во физичкиот простор, туку,  Јавна соба на Вибер, на Телеграм и последната откриена на Фејсбук потврдуваат дека насилството врз жените е присутно во сите сфери на живеење, и во онлајн просторот.

    „Токму затоа е неопходна итна хармонизацијата на Кривичниот законик и соодветното санкционирање на кривичните дела, кое ќе доведе пред сѐ до превенција на делата, но и до соодветно постапување по пријави, соодветно толкување на законите и носење пресуди со кои сторителите ќе бидат санкционирани, а жртвите заштитени од континуирање на насилството. Затоа би сакала јавно да ги повикам пратеничките и пратениците што побрзо да го приоритизираат ова прашање и итно да ги изгласаатизмените на Кривичниот законик“, вели Трајановска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира