СЕЛА ЕДВАЈ МИ ЈА КАЖА КРВНАТА ГРУПА, СО ПЕНКАЛО МУ ЈА ЗАПИШАВ НА ДУКСЕРОТ, СВЕДОЧЕШЕ ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ЗА 27 АПРИЛ

    СЕЛА ЕДВАЈ МИ ЈА КАЖА КРВНАТА ГРУПА, СО ПЕНКАЛО МУ ЈА ЗАПИШАВ НА ДУКСЕРОТ, СВЕДОЧЕШЕ ВЛАТКО ЃОРЧЕВ ЗА 27 АПРИЛПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев пристигнува во Основниот суд Скопје 1 да сведочи на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села во Собранието на 27 април лани. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој ги бранеше пратениците од СДСМ и од ДУИ во прес-салата на Собранието од жестоките напади од толпата која влезе таму на 27 април лани, бил тој што го евакуирал тешко повредениот Зијадин Села.

    „Откако ги евакуирав пратениците во мојата канцеларија, жедни, истоштени, крвави и уморни, чув дека пратеникот Зијадин Села е тешко повреден и дека се наоѓа во канцеларија на третиот кат во собраниската зграда. Тропнав на вратата: ’Отворете Влатко и Нино сè. Бев со Никола Тодоров и со медицинска екипа. Села беше тешко повреден, едвај зборуваше. Мајка ми и татко ми се лекари и знам дека за спасување на човечки живот, клучни се минути, секунди. Му реков: ’Ќе излеземе одовде Зијадин‘. Потоа го прашав дали знае која крвна група е, за да биде спремно сè за него во болница. Ми ја кажа едвај, со пенкало ја напишав на дуксерот во кој беше пресоблечен. Потоа го евакуиравме преку собраниските гаражи“, сведочи Ѓорчев попладнево во Основниот суд Скопје 1 на судењето за обидот за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците.

    Додека ги бранел пратениците претходно во прес-салата, го видел Села во ќошот со другите пратеници. Потоа го видел легнат на подот. Во меѓувреме правел кордон и давал наредби: „Пополни лево, пополни средина, десно“, со останатите со кои ги бранеле нападнатите пратеници.

    На прашање на обвинителот Дарко Јакимовски дали му е познато како Села се нашол од ќошот во раце на насилниците, Влатко одговори: „Не ми е познато“. За обвинетиот Александар Јаневски – Тошта рече дека бранел и тој од напади. Тошта е еден од 10-темина обвинети за обид за убиство на Зијадин Села кои се во притвор, а кого обвинителството не го товари дека го тепал Села, туку за друга улога во насилството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира