СЕРТИФИКАТОТ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19 ЌЕ ВАЖИ 180 ДЕНА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    СЕРТИФИКАТОТ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19 ЌЕ ВАЖИ 180 ДЕНА, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИСè уште не се размислува за укинување на сертификатите за влез во затворен простор. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести предлага сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена. Оваа препорака е донесена на денешната седница на Комисијата и ќе биде доставена до Владата.

    Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, кажа дека сè уште не се размислува за укинување на сертификатите за влез во затворен простор, бидејќи тоа во моментов не го дозволува епидемиолошката состојба.

    Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем. Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука“, рече Мехмедовиќ.

    Комисијата смета дека не треба да укине ниту носењето на маски во училиштата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира