Шарената револуција изведе изведе нова герила-акција на ракометниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Чешка, јави агенцијата Мета.
Демонстрантите, за време на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, извадија транспарент на кој беше испишана пораката „Шутка не ти гине Никола“. Аматерска снимка од видеото е објавено на сајтот на агенцијата.
Синоќа се одигра реванш-мечот од квалификациите за Светското првенство во ракомет кое треба да се одржи следната година во Франција, Македонија ја победи Чешка со 34:27 и обезбеди учество на Светското превенство.