ШАРЕНИТЕ ЈА ОБОИЈА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ ЈА ОБОИЈА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Со балони и пушки демонстантите од Шарената револуција ја бојат фасадата на Агенцијата за вработување. Се скандира „Слобода“, „Нема правда нема мир“ и „Лопови“.
    Шарената револуција денес ја предводат демонстранти со транспарент „Младите си отидоа, партијата се вработи“. Нивна крајна дестинација е Министерството за економија.
    Во договореното време, 18 часот, тие се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и си поделија банкноти- руски рубљи со ликот на колумнистката Мирка Велиновска која демонстрантите ги нарекува странски платеници.
    Антивладините демнстранти вечерва протестираат против социјалната неправда и лошите политики за вработување, против продавњето на работничките како робје во текстилната и кожната индустрија со најниска минимална плата. Вечерва демонстрантите потсетуваат на лошите политики за врботување, кои, според организаторите, избркале 600.000 граѓани, а најмногу младите од оваа земја. 
    „Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја дозакопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓанки и сограѓани како сопствени заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контра-протести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овај режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротивставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење„ велат организаторите.
    Тие најавуваат дека ќе протестираат до денот кога ќе има правда и ќе има мир.
    Граѓанското движење „Протестирам“ организира демонстрации ширум Македонија од 12 април. Главните барања на демонстрантите се повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира