ШАРЕНИТЕ НА ПРОТЕСТ, ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СИЛЕН ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ НА ПРОТЕСТ, ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СИЛЕН ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ

    Иако во Скопје беснее невреме со силен дожд и грмотевици, антивладните демонстранти на Шарената револуција се собраа и вечерва  пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    Како што јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК, атмосферата е весела, иако многумина се кријат под околните згради чекајќи невремето да помине. 

    Во повикот што беше објавен на официјалната фејсбук страница се  бара од Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Според граѓанската инцијатива „на тој начин ќе се овозможи да одговараат сите функционери кои преземале криминални дејствија“.

    И граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“ најави дека вечерва ќе се придружи на шарените револуционери. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари