ШЕСТ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА „АЛТА БАНКА“ БИТОЛА, СО ДВЕ БАНКИ ВЕЌЕ КОНТАКТИРАВМЕ, РЕЧЕ СЛАВЕСКИ

    ШЕСТ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КУПУВАЊЕ НА „АЛТА БАНКА“ БИТОЛА, СО ДВЕ БАНКИ ВЕЌЕ КОНТАКТИРАВМЕ, РЕЧЕ СЛАВЕСКИНародната банка на 1 ноември воведе привремена управа во „Алта банка“ АД Битола, откако на матичната банка во Белград ѝ беше одземена лиценцата за работа и беше отворена стечајна постапка. (Фото: К. Попов)

    Гувернерот на Народна банка Трајко Славески рече дека има шест заинтересирани инвеститори за купување на „ Алта банка АД Битола“, од кои со две банки веќе се остварени контакти.

    Народната банка на 1 ноември воведе привремена управа во „Алта банка АД Битола“, откако на матичната банка во Белград ѝ беше одземена лиценцата за работа и беше отворена стечајна постапка.

    Гувернерот на прес-конференција најави три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.

    Запрашан кое сценарио е најреално за банката, Слaвески рече дека тие се обидуваат да го заштитат имотот на банката и штедните влогови на клиентите, но истовремено бараат и купувач.

    „Некои сами пројавија интерес, а и ние сме проактивни. ‘Алта банка’ е регионална банка со голем потенцијал за развој на земјоделието и индустријата, здрава банка чија продажна вредност дури и за средни банки не претставува некој предизвик од финансиска гледна точка“, рече Славески.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира