Шпекулации и дезинформации се информациите објавени на социјалните мрежи дека во затворот Идризово се знае кој за кого гласал, велат од Државната изборна комисија (ДИК) за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Од ДИК велат дека гласањето се уште трае и не може никако да се знаат резултатите во К.П. Идризово кога гласањето не е завршено.
“Глaсaњетo трaе дo 19 чaсoт. Се глaсa нa тoј нaчин штo ливчетo се стaвa вo кoверт, се зaтвoрa и стaвa вo глaсaчкaтa кутијa. Глaсoвите не се брoјaт во затворот, туку вo избирaчките местa oд кaде пoтекнувaaт зaтвoрените и притвoрените лицa. Се што се објавува на социјалните мрежи е дезинформација и шпекулација“, изјавија од ДИК.
Во најголемиот затвор „Идризово“ денеска гласаат 1.064 затвореници со право на глас.
„Ние до Државната изборна комисија доставивме список од 1.724 осудени лица од ‘Идризово’, без осудениците кои се странски државјани и без тие кои се водат повеќе години во бегство. Но, право на глас имаат само 1.064 затвореници, бидејќи ДИК констатирала дека останатиот дел немаат извадено биометриски лични карти“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на КПУ „Идризово“ Живко Пејковски.
И од канцеларијата на Народниот правобранител денеска беа во посета на Идризово. Тие беа информирани дека околу 660 немаат право на глас, поради истечени лични документи. Од таму велат дека имало скоро два месеци да се извадат валидни лични документи за сите затвореници/притвореници, бидејќи МВР има мобилна екипа која може многу брзо да направи нови валидни документи .