ШТИПСКА АПЕЛАЦИЈА ОСУДИ НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ПИЈАН ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ ВО СООБРАЌАЈКА УСМРТИ ТРИ ЛИЦА И ТЕШКО ПОВРЕДИ ДЕТЕ

    ШТИПСКА АПЕЛАЦИЈА ОСУДИ НА 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ПИЈАН ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ ВО СООБРАЌАЈКА УСМРТИ ТРИ ЛИЦА И ТЕШКО ПОВРЕДИ ДЕТЕВо страотната несреќа загина и бремена жена. (Фото:СДК.МК)

    Апелациониот суд во Штип, ја потврди казната затвор од 10 години изречена од Основен суд Штип, за велешанецот Петре Ѓорев (46), кој пијан пред 4 години предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, меѓу кои и бремена жена.

    Апелација ги отфрлил жалбите на обвинетиот и на обвинителството.

    Пресудата е за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Сообраќајката се случи на 1-ви јули 2017-та година, на магистралниот пат Велес – Штип, близу крстосницата за велешкото село Мамутчево околу 19,45 часот.

    Во несреќата автомобилголф 4“ со велешки регистарски таблици управувано од Петре Ѓорев удрил во автомобил „голф“’ со кумановски регистарски таблици управуван, од С.С. (45) од Крива Паланка.

    Во несреќата животот го загубија три лица, С.С. (45) и Б.С. (55) од Крива Паланка, како и Д.Ј. (32) од Велес која според објавената пресуда во тој период била и бремена. Тригодишното девојче од истиот автомобил беше тешко повредено. Тешки повреди имаше и осудениот Ѓорев.

    Според анализата кај обвинетиот Ѓорев во моментот на несреќата имало 1,30 промили алкохол во крвта. Во критичниот момент, според вештачењето, возилото ,„голф 4“ се движело со брзина од 82 км/ч кога возачот од десната ненадејно преминал на левата коловозна лента и удрил директно во возилото ,,голф“ со кумановски регистарски таблички, кое доаѓало од спротивниот правец.

    На местото немало траги на кочење, што според вештаците укажува дека обвинетиот управувајќи го возилото со висок промил на алкохол во крвта, не бил во можност правовремено да реагира.

    Апелација Штип ја потврдила и мерката – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од шест месеци, сметано од правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

    Со ова пресудата е правосилна и извршна.

    За разлика од велешкото обвинителство, судот и Апелациониот суд Штип, ОЈО Гостивар и Основниот суд Гостивар во случајот на Зоран Милески – Кичеец, кој летото претекнувајќи на полна линија удри директно во возило при што едно лице загина, а седуммина беа повредени, поинаку ја видоа таа тешка сообраќајна незгода со смртни последици и по признание на вина, предложија и досудија условна казна за него.

    Бидејќи е по признание на вина, пресудата е конечна, право на жалба немаат семејството на загинатиот и групата тешко повредени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира