ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ЗАВОДОТ ВО ДЕМИР КАПИЈА ЌЕ ДОБИЈАТ ПОДОБРА ХРАНА И ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ, НАЛОЖИ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА

    ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ЗАВОДОТ ВО ДЕМИР КАПИЈА ЌЕ ДОБИЈАТ ПОДОБРА ХРАНА И ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ, НАЛОЖИ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКАСо поддршка од амбасадата на Велика Британија Министерството за труд и социјална политика ќе прави реформа во Заводот за хуман третман на лицата со попреченост. - Од посетата на Царовска на заводот

    Специјалниот завод Демир Капија доби налог од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска да ја подобри исхраната и да направи темелни здравствени прегледи на штитениците сместени во оваа установа. Вакви препораки за подобрување на работата, Царовска дала по посетата во оваа здравствена установа, каде се сместени лица со попреченост.

    „Министерката е во дводневна работна посета на специјалниот завод Демир Капија, за да направи личен увид во организациските промени и стручната работа. Договорено е деновиве штитениците да добијат темелни здравствени прегледи од стоматолог, гинеколог, физијатар и невропсихијатар. Таа даде насоки и за промена на менито, за да се подобри исхраната“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Од Министерството велат дека констатирале подобрување во заштитата на децата сместени во Заводот, и дека тоа се должи на проектот на УНИЦЕФ и Сојузот на дефектолози, чија реализација почна во август годинава

    „Искуствата и методите од овој проект ќе се искористат за подобрување на грижата и за возрасните штитеници. Од амбасадата на Велика Британија, преку Хелсиншкиот комитет за човекови права, добивме дополнителна помош за раководењето на Заводот, за подобрување на условите за стручната работа, и за подготовка за процесот за трансформација на големите установи во домување со поддршка во заедницата и социјални услуги на локално ниво. Оваа системска реформа ќе овозможи вистински хуман третман на лицата со попреченост и почитување на нивните човекови права“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира