Од вечерва на полноќ царинските служби во Грција ќе штрајкуваат. Поради тоа во застој ќе биде патничкиот и товарниот сообраќај и на граѓаните не им се препорачува да патуваат кон Грција.
Како што информираат од Царинската управа штрајкот ќе трае два дена односно до среда.
„На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично, но не е познат точен распоред. Се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период“, велат од Царина.