СИЛЈАНОВСКА ИМА ДВОЈНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 42 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ

    СИЛЈАНОВСКА ИМА ДВОЈНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 42 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИКандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска - Давкова гласаше во училиште во скопско Дебар Маало (Фото: СДК.МК)

    Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 128.521 гласови (36,01%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 62.484 гласови (17,51), по преброени 42,13 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори.

    Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 3.315 гласови (0,93%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 62.772 гласови (17,59%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 15.095 гласови (4,23%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 45.932 гласови (12,87%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 27.013 гласови (7,57%).

    До 18.30 часот, половина час пред затворање на избирачките места, одзивот на гласачите на првиот круг од претседателските избори е 48,46 отсто од податоците доставени до Државната изборна комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира