СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ЗАФАТИ КОЧАНИ, ВИНИЦА И ПРОБИШТИП, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ЗА СКОПЈЕ

    Силен дожд со град на излез од Кочани кон Штип. (Видео: СКД.МК)

    Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево ги зафати Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип, како и други места на северот и истокот од земјата.

    Предупредување за силно невреме вечерва во Скопје, со пороен дожд, електрични празнења и силен ветер, издаде Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    „Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град“, велат од УХМР.

    Во делови од Скопје доцна попладнево имаше силен дожд со град, при што во Центар и Автокоманда имаше и паднати дрвја.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира