НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА БРАН ПОСКАПУВАЊА, ПРЕДУПРЕДУВА ММФ

    НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА БРАН ПОСКАПУВАЊА, ПРЕДУПРЕДУВА ММФВисокиот номинален раст на платите од околу 15 отсто, ако продолжи, предизвикува ризици инфлацијата повторно да почне да расте. (Фото: СДК.МК)

    Инфлацијата во Македонија се намалува благодарение на затегнувањето на монетарната политика и стабилизирањето на цените на енергијата и храната на глобално ниво, како и на неодамнешните мерки на Владата, се вели во соопштението на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Сепак, од ММФ велат дека потребно е да се задржи актуелното трошење на државата, посебно во поглед на платите на јавниот сектор.

    „Владата и синдикатите имаат клучна улога со примени на внимателни политики и држење на трошењето на одржливо ниво во пресрет на изборите. Во овој контекст, покачувањето на платите следната година не треба да го надмине она што веќе е договорено со општиот колективен договор“, велат од ММФ.

    Високиот номинален раст на платите од околу 15 отсто, ако продолжи, предизвикува ризици инфлацијата повторно да почне да расте, додаваат од ММФ. Препорака за Народна банка е да биде подготвена дополнително да ја затегне монетарната политика ако се реализираат овие ризици.

    Мисијата на ММФ беше во Скопје од 31 октомври до 13 ноември на разговори за економските и финансиските политики во врска со Превентивната линија за ликвидност. Ако линијата биде одобрена од Извршниот борд на ММФ, Македонија ќе има пристап до 200 милиони евра. Македонските власти имаат намера да повлечат три четвртини од сумата, а остатокот да остане за секој случај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира