СИНДИКАТОТ НА МОБ НЕ ГО НЕГИРА, НО НЕ ДАЛ ОФИЦИЈАЛНА ИЗЈАВА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА ДУРЛОВСКИ СО БАЛЕТАНОТ

    СИНДИКАТОТ НА МОБ НЕ ГО НЕГИРА, НО НЕ ДАЛ ОФИЦИЈАЛНА ИЗЈАВА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА ДУРЛОВСКИ СО БАЛЕТАНОТУправникот на МОБ Игор Дурловски (во средината, со очила) е еден од инцијаторите на ‘За заедничка Македонија’ кои насилно влегоа во Парламентот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Синдикатот на Македонската опера и балет (МОБ) се јави со реакција за текстот во САКАМДАКАЖАМ.МК за инцидентот во кој управителот на МОБ, оперскиот пејач Игор Дурловски, вчера го нападнал балетанот Виктор Караев оти во ходникот му дофрлил „Што правите, сакате ли војна?“. Во текстот на САКАМДАКАЖАМ.МК се цитирани неименувани извори од синдикатите на МОБ.

    ДУРЛОВСКИ НАПАДНАЛ БАЛЕТАН ВО МОБ, ОТИ МУ РЕКОЛ „ТИ ЛИ ЌЕ НИ ПРАВИШ ВОЈНА?“

    Овој инцидент, како и откажувањето на претствата „Дон Кихот“ се случиле за време на вчерашниот напад врз Собранието организиран од „За заедничка Македонија“, организација во која еден од инцијаторите е Дурловски.

    Претседателот на синдикатот Борис Вишин не го негира инцидентот, но вели дека синдикатот за ова не дал официјална изјава.

    „Во текстот се наведени два настана што се случиле во МОБ претходната вечер, на 27април, а тоа се: откажување на балетската претстава ‘Дон Кихот’, и вербална расправија на член на балетскиот ансамбл со управникот Игор Дурловски, за кои се цитираат изјави на членови од синдикатите на Оркестарот и на Балетот. Јас, како претседател на Синдикатот на МОБ, сакам да ја информирам јавноста дека официјални изјави за тие два настана  од Синдикатот на МОБ не сме давале ниту за еден медиум.

    Сметаме дека двата настана не се во корелација и се несреќно поврзани во текстот објавен на вашиот портал. Искрено жалиме и се извинуваме за вонредната ситуација која нѐ спречи да ја изведеме балетската претства ‘Дон Кихот’ и  се надеваме дека во најскор период ќе се оддолжиме на верната публика која беше во салонот таа вечер“, вели Вишин.

    Денеска и директорката на Балетот Олга Панго на прес конференција се извини за откажувањето на „Дон Кихот“ поради, како што рече, „немилите настани во Собранието“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари