СИРЕНИТЕ ЗА ВОЗДУШНО АЛАРМИРАЊЕ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ

    СИРЕНИТЕ ЗА ВОЗДУШНО АЛАРМИРАЊЕ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИДел од сирените се исправни, но не се врзани во системот, што ги прави сосема нефункционални. - Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов (архивска фотографија)

    Системот на воздушно алармирање преку сирени не е функционален, затоа што по распадот на Југославија се напуштила и оваа пракса, вели првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, за емисијата „25 минути“  на ТВ 24.

    Ангелов вели дека минатата година ја информирале Владата за состојбата со сирените – дел од нив се исправни, но не се врзани во системот, што ги прави сосема нефункционални.

    Војната во Украина ги зголеми стравувањата на светот, а најмногу на Европа за можноста од прелевање на конфликтот, но ЦУК сега очекува од Владата одговор и да го реши овој проблем преку донација. Сепак, Ангелов смета дека сирените се застарен модел за известување за напад, додека мобилните телефони се модерен начин на алармирање на граѓаните.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира