СИТЕ БУГАРСКИ ПАРТИИ ЈА ПОДДРЖАА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА „ОСУДА НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“

    СИТЕ БУГАРСКИ ПАРТИИ ЈА ПОДДРЖАА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА „ОСУДА НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“Во бугарската декларација се осудуваат и промените на македонскиот Закон за здруженија и фондации со кои се забранува именување на организации по соработници на фашистичкиот режим. - Од отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот парламент утринава со големо мнозинство ја усвои декларацијата за „осуда на појавите и повиците за насилство врз Бугарите во Северна Македонија, нивните организации и клубови и особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“. „За“ декларацијата гласаа 185 пратеници, а еден беше „воздржан“.

    Декларацијата беше составена врз основа на предлозите на пратеници од ГЕРБ-СДС, Продолжуваме со промената, Демократска Бугарија и Преродба.

    Понатаму во декларацијата се бара спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од член 12 од 2019 и 2022 година.

    Во декларацијата се вели и дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

    Во октомври 2019 година, бугарскиот парламент усвои декларација со која на Македонија ѝ се одобрува да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, но под услов да не се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира