СИТЕ ШТО БЕГААТ ОД САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ОДАТ ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН НА СВОЈ ТРОШОК, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    СИТЕ ШТО БЕГААТ ОД САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ОДАТ ВО ДРЖАВЕН КАРАНТИН НА СВОЈ ТРОШОК, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАВладата го задолжи Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапката за спроведување во државен карантин. (Фото: Влада на РСМ)

    Сите што не ја почитуваат мерката за самоизолација заради заштита од коронавирусот да бидат спроведени во државен карантин и против нив да биде поведена соодветна постапка, а трошоците за време на престојот во државен карантин ќe бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка, одлучи Владата на седницата синоќа. За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапката за спроведување во државен карантин.

    Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да подготви детален писмен предлог со мерки и препоpaки за воведување најстроги рестриктивни мерки за спречувањето, внесување и ширење на коронавирусот, како забрана и посебен режим на движење на територијата на земјава за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраста, и да ги достави до Владата за седницата што ќе одржи денеска.

    На денешната седница на Владата треба да присуствуваат двајца епидемиолози кои ќе ги определи министерот за здравство Венко Филипче, за да ги образложат предложените мерки и препораки.
    Истовремено, се задолжуваат Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана и Армијата да направат детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, заради спречување, внесување и ширење на коронавирусот. Се задолжуваат МВР, Министерството за одбрана и Армијата во рамки на нивните надлежности, веднаш да ги спроведуваат досегашните донесени владини мерки и препораки.

    Според Обвинителството, околу 40 лица од Охрид, Ресен Битола, Струмица, Куманово, Струга и други градови досега се казнети зашто не ја почитувале обврската за самоизолација во рок од 14 дена оти се вратиле од некоја од земјите со висок и среден ризик за коронавирусот.

    Вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, соопшти синоќа Министерството за здравство. Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци. Вчера во текот на 24 часа беа дијагностицирани коронавирус 28 лица. Пациентката од Дебар, која беше меѓу тројцата првозаболени, е во критична состојба и е на респираторна машина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира