Специјалното јавно обвинителство побара од Кривичниот суд да одреди мерка притвор за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Елизабета Канческа Милевска, Владимир Пешевски и Драган Павловиќ Латас во неколку од обвиненијата што денеска ќе ги поднесе во Судот.
За случајот „Титаник“, побаран е притвор Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
За случајот „Тендери“, побаран е притвор за Елизабета Канческа Милевска.
За случајот „Тотал“, побаран е притвор за Драган Павловиќ Латас.
За случајот „Траекторија“, побаран е притвор за Владимир Пешевски.
За случаите „Тврдина“ и „Таргет“, побаран е притвор за пет лица, меѓу кои и Сашо Мијалков.
Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 случаи против 94 физички и правни лица, соопшти пред малку специјалната обвинителка Катица Јанева.