СЈО Ѝ ГИ ПОКАЖА НА ЈАНКУЛОСКА ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕА ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО Ѝ ГИ ПОКАЖА НА ЈАНКУЛОСКА ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕА ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

    Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска повторно беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, како осомничена во обемната истрага за предметот „Титаник“.

    Јанкуловска, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска побарала увид во доказите против неа. Според Законот за кривична постапка, на Јанкулоска ѝ биле дадени сите предметни докази во делот од истрагата против неа. Според Законот, кога осомниченото лице врши увид во доказите, исказ веднаш не дава. Јанкулоска треба дополнително да да биде викната во СЈО да даде исказ пред обвинител.

    Јанкулоска и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се главни осомничени во „Титаник“, кој е првиот случај што го отвори Обвинителството на Катица Јанева. „Титаник“ е во истрага. Тој е најголемиот случај за кој СЈО отвори истрага. Поделен е на три дела: изборните измами со фалсификуваните лични карти од МВР, изборните нерегуларности во општинската изборна комисија Чаир и на посебен дел со осомничените петмина судии од Управниот суд на РМ, кај што стигале жалбите за изборни нерегуларности.

    Јанкулоска  не сакаше да открие зошто дојде денеска во СЈО. Рече дека постапката е тајна, предистражна, оти не смее да зборува и новинарите ги упати информација да им даде „тој што ги повикал“.
    Поранешната министерка, која денеска дојде во СЈО придружувана од адвокатот Никола Додевски, е осомничена е и во случаите „Тврдина“ и „Тенк“.

    На новинарско прашање колку пати досега е повикувана во СЈО, таа рече дека без оглед што е формирано со политички договор, СЈО е етаблиран државен орган. Рече дека ја почитува Република Македонија, се јавува на поканите на СЈО и смета дека секој граѓанин треба да се отповика на покана на државен орган.
    Јанкулоска го повтори ставот дека „СЈО е експозитура на СДСМ и на Зоран Заев, политичката криза влегува во разрешница, а ова Обвинителство е тука да му помогне на Зоран Заев“.

    СЈО засега не кажува зошто Јанкулоска повторно беше повикана таму. Најави информација за подоцна.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира