СЈО ГО ПОБАРА СЛУЧАЈОТ „СОПОТ“ ОД ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ГО ПОБАРА СЛУЧАЈОТ „СОПОТ“ ОД ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    Специјалното јавно обвинителство од Основното јавно обвинителство побара да им го достави предметот познат во јавноста како „Сопот“.

    „На 4 ноември од наша страна до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“. Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, соопшти предмалку СЈО.

    Во случајот „Сопот“, жители на кумановското село Сопот беа осудени за тероризам, односно за поставување мина на пат на која нагази џип на НАТО, каде загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин во март 2003 година. За „Сопот“ беа осудени 11 лица на затворски казни. Седуммина од нив веќе ја одлежаа казната.

    Случајот „Сопот“ беше споменат во една од „бомбите“ на опозицијата во разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира