СЈО ГО ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ФИРМИТЕ НА ОСОМНИЧЕНИ ФУНКЦИОНЕРИ

    СЈО ГО ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ФИРМИТЕ НА ОСОМНИЧЕНИ ФУНКЦИОНЕРИОд СЈО велат дека биле испратени голем број на барања до различни институции, со напомена дека бараните податоци се во врска со предистражни постапки. - Од прес-конференцијата на СЈО на 28 февруари (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на својот профил на Фејсбук објави два оригинални документа кои Специјалното јавно обвинителство во тајна предистражна постапка, ги испратило до Централниот регистер и до Министерството за транспорт и врски. Се работи за две барања на податоци, со кои СЈО бара електронски преглед на правни или физички лица чиј сопственик бил или е во моментов Антонијо Милошоски.

    СЈО во врска со ова соопшти: „Пред ова Јавно обвинителство се водат повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери имотната состојба на сите лица за кои се отворени постапки и нивното севкупно финансиско работење. Проверката на имотната состојба подразбира детални проверки за целокупниот имот што лицата може да го поседуваат и тоа, како недвижен, така и подвижен имот“.

    СЈО појаснува дека биле испратени голем број на барања до различни институции, со напомена дека бараните податоци се во врска со предистражни постапки. Државните институциите да преземат мерки со кои ќе се оневозможи јавно објавување на податоци за предистражни постапки кои, согласно законските прописи, се тајни, наведе СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира