СЈО: КРПАЧ НЕ БЕШЕ ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА БАРАВМЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    СЈО: КРПАЧ НЕ БЕШЕ ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА БАРАВМЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ

    Коста Крпач не бил причината поради која Специјалното јавно обвинителство барало измени во Законот за заштита на сведоци за да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    „Лицето за кое прашувате не беше причината поради која се бараа измени на законската регулатива“, стои во кусиот одговор на СЈО на нашето прашање „Дали Коста Крпач беше еден од сведоците поради кои Специјалното јавно обвинителство бараше измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци?“

    Специјалното јавно обвинителство во четвртокот минатата недела соопшти дека Коста Крпач, кој еден ден претходно беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО.

    Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била „беспрекорна“.

    Смртта на Крпач предизвика доста контроверзии во јавноста, а сè уште се очекува Основното јавно обвинителство Скопје да излезе со информации од истрагата за случајот, која, меѓу другото, треба да утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.

    Крпач беше едно од 56-те лица помилувани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Од СЈО соопштија дека против него не се водела никаква кривична постапка и побараа од Иванов да каже како Крпач се нашол на неговиот список на аболирани функционери и нивни соработници.

    Специјалното јавно обвинителство на почетокот од годината побара од Собранието да донесе измени во Законот за заштита на сведоци за да може СЈО да предлага и да бара заштита на одредени сведоци.

    Ваква иницијатива Јанева последен пат испрати до Собранието на 1 април, шест дена пред да се распушти законодавниот дом, поради предвремените парламентарни избори.

    „Ја информираме јавноста дека од страна на ова јавно обвинителство до Собранието на Република Македонија денеска беше доставена иницијатива за донесување Закон за изменување и за дополнување на Законот за заштита на сведоци, која произлегува од потребата за уредување на надлежноста на Јавното обвинителсто за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во постапката за заштита на сведоци и е во насока на елиминирање на можноста за поставување бројни пречки во работата на ова јавно обвинителство“, беше наведено во соопштението на СЈО од 1 април годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира