Специјалното јавно обвинителство не води истрага против ниеден медиум, кажа специјалната обвинителка Ленче Ристоска на денешната прес-конференција на СЈО.
„Најостро демантираме дека Специјалното јавно обвинителство прави притисок врз медиумите. Против ниеден медиум не е отворена истрага. За нас, сите се исти пред законот“, рече Ристоска.
Таа рече дека ако некои лица, за кои е отворена истрага, а се поврзани или се сопственици на медиуми, сториле некои кривични дела, во наш интерес е да се провери и истражи тоа.