СЈО НЕ ВОДИ ПОСТАПКА ПРОТИВ ОБВИНИТЕЛОТ ВО „ПОТКУП“, ТУКУ ИСТРАЖУВА МОНТИРАН СЛУЧАЈ ПРОТИВ ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО НЕ ВОДИ ПОСТАПКА ПРОТИВ ОБВИНИТЕЛОТ ВО „ПОТКУП“, ТУКУ ИСТРАЖУВА МОНТИРАН СЛУЧАЈ ПРОТИВ ЗАЕВ

    Јавното обвинителство го одби барањето за изземање на обвинителот Владимир Милошевски поднесено од обвинетиот Зоран Заев и неговата одбрана во случајот “Поткуп“, а СЈО потврди дека има отворено истрага за кривичната пријава од СДСМ против обвинителот за монтирање случај против лидерот на партијата, но негира дека води истрага за конкретниот обвинител.

    Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, со потпис на јавниот обвинител, Златко Бикоски, кој пред да го преземе СЈО предметот „Пуч“, беше застапник на обвинението против Зоран Заев, Зоран Верушевски и останатите, го одби денешното барање на одбраната на лидерот на СДСМ во случајот „Поткуп“, да биде изземен обвинителот Владимир Милошевски.

    Заев и неговите адвокати бараа изземање на Милошевски, бидејќи, според нив, од политички мотиви, тој е учесник во злосторничко здружување за да се монтира случајот „Поткуп“, ја дал снимката од ПИ-мерките против него во јавноста, со месеци го тормозел неговото семејство со објавената видео-снимка, во предвечерието на изборната кампања повел истраги против негови соработници од општина Струмица, против високи функционери на СДСМ…

    Судијата Дијана Груевска – Илиевска планираше да ја почне главната расправа за „Поткуп“, но се одложи на барање на Заев, бидејќи во 13 часот имал закажано средба со италијанскиот амбасадор во Македонија. Судењето е презакажано за на 23 јануари идната година.

    Специјалното јавно обвинителство, пак, пред малку соопшти дека конкретно против обвинителот Милошевски не се води предистражна постапка.

    „До ова Јавно обвинителство доставена е кривична пријава од политичката партија СДСМ против јавниот обвинител  Владимир Милошевски и други непознати лица, за која е оформен предмет во ова Јавно обвинителство. Предистражната постапка по овој предмет не се води против конкретно лице, туку се води како настан во рамки на кој се испитуваат евентуални кривично правни аспекти поврзани со наводите во кривичната пријава. Според тоа, не се точни информациите дека против обвинителот Владимир Милошевски се води предистражна постапка во ова Јавно обвинителство“, соопшти СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира