СЈО ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА УШТЕ ЕДНА СУДИЈКА ОТИ ИМА РЕЛАЦИИ СО „ФИНЗИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    СЈО ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА УШТЕ ЕДНА СУДИЈКА ОТИ ИМА РЕЛАЦИИ СО „ФИНЗИ“

    Специјалното јавно обвинителство побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“, соопшти Основниот суд Скопје 1. По барањето на СЈО, претседателот на Судот треба да одлучи во рок од три дена. Од Судот велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија СЈО дека намерно ги одолговлекува постапките.

    Од СЈО велат дека побарале изземање на една судијка затоа што нејзиниот девер е вработен во правно лице со кое правното лице „Финзи“ е во должничко-доверителска релација.

    „Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства. Со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој суд“, соопштија од Судот.

    Во однос на предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за едно осомничено лице, Судот уште нема донесено одлука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира