Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во врска со истрагата за предметот „Трезор“ за определување на мерка притвор за едно осомничено лице. Ваквото барање е поднесено, како што соопштија од СЈО, поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото.
За три осомничени лица до Судот е поднесен предлог за определување на мерки за претпазливост, со кои е побарано од Судот да ги одземе патните исправи на овие лица. До Судот поднесено е и барање за донесување на привремена мерка- забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правнoто лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.