СЈО ПРОТИВ ВРАЌАЊЕ НА ПАСОШИТЕ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ, СУДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДЕНОВИВЕ

    СЈО ПРОТИВ ВРАЌАЊЕ НА ПАСОШИТЕ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ, СУДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДЕНОВИВЕГруевски и Мијалков навеле декаа пасошите ги бараат оти им требале за службени патувања, надвор од земјата. - Никола Груевски на расправата на Апелационен суд за мерките на претпазливост на 21 јули (Фото: СДК.МК)

    Специјалното јавно обвинителство се противи на барањето за враќање на пасошите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски и на неговиот братучед, екдиректорот на УБК Сашо Мијалков, обвинети во повеќе случаи на ова обвинителство. СЈО и во втор степен, пред Апелациониот суд Скопје, бараше притвор за двајцата, поради опасност од бегство.

    По добивањето на мислењето од СЈО, тричлен кривичен совет во Основниот суд Скопје 1 ќе заседава и ќе донесе одлука дали ќе им ги врати патните исправи на двајцата обвинети, или тие ќе останат во судот. Првичната одлука на Основниот суд Скопје 1 и на Скопска апелација беше одземените пасоши да не им се враќаат на обвинетите, до завршување на постапката.

    СЈО вели дека не се променети околностите и бара пасошите на Мијалков и на Груевски да останат во судот, а тие во определените денови да доаѓаат и да се потпишуваат, како гаранција дека се во Македонија.
    В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев, неодамна изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК дека овие двајца обвинети, за кои најмногу се интересира јавноста за редовноста нивна во потпишувањето, ја исполнувале мерката во целост.

    Груевски и Мијалков навеле декаа пасошите ги бараат оти им требале за службени патувања, надвор од земјата. Во Кривичниот суд барање за враќање на одземените патни исправи побарале досега побарале петмина обвинети на СЈО, на кои им беше одредена оваа мерка. Сите предмети се комплетирани и деновиве ќе се одлучи, велат од Кривичниот суд. Обвинителството има право на жалба на одлуката на Кривичниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира