СЈО СИ ЗАМИНА ОД УБК, МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ГАРАНТИРА ДЕКА НЕМА НИШТО ДА БИДЕ ИЗНЕСЕНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО СИ ЗАМИНА ОД УБК, МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ГАРАНТИРА ДЕКА НЕМА НИШТО ДА БИДЕ ИЗНЕСЕНО

    Тимот на Специјалното јавно обвинителство си замина од Управата за безбедност и контраразузнавање, откако доби уверување од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека ништо нема да биде изнесено од УБК во текот на ноќта, соопштија од СЈО.

    „Добивме уверување од министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе обезбедува ноќва да не биде изнесено ништо од УБК, опрема или други документи, надвор од министерството“, изјави обвинителката Ленче Ристовска предмалку пред седиштето на МВР.

    Таа рече дека веќе нема да бидат во МВР поради уверувањето од министерот Спасовски и дека истражителот избркан од УБК, кој ги чекаше во кругот на министерството, го земале со себе и сега одат во просториите на СЈО.

    Претходно вечерва, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека приведениот истражител на СЈО бил неосновано задржан од полицијата. Таа, пред полициската станица Центар во Скопје, каде беше задржан нејзиниот истражител, рече и дека си го земале истражителот со нив и тој ќе оди во просториите на СЈО.

    На новинарско прашање, дали приведениот истражител следел поранешен висок функционер во УБК, Јанева немаше коментар и упати на командирот на полициската станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира