СЈО СОМНИЧИ ШЕСТ ЛИЦА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕТО ЗА „СОНЧЕВ ГРАД“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО СОМНИЧИ ШЕСТ ЛИЦА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЗА НЕЗАКОНСКА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕТО ЗА „СОНЧЕВ ГРАД“

    Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка под кодно име „Топлик“ против едно раководно лице од министерството за транспорт и врски и пет лица од комисијата за јавни набавки од истото министерство кои ги сомничи дека го оштетиле буџетотот за еден милион и 44 илјади евра и прибавиле имотна корист за едно правно лице, соопшти СЈО на денешната прес-конференција.

    „Инволвираните сториле кривични дела со кои го оштетиле буџетот и го прекршиле законот за јавни набавки и прибавиле корист за едно правно лице. Во случајот „Топлик“, постои основано сомнение дека од 3.4.2007 до 18.2.2013 во Скопје, првоосомничениот, раководно лице од министерството за транспорт и врски и петмина од комисија за јавни набавки, како соизвшршители, ја злоупотребиле службената должност и се согласиле со нејзиното постпување и го оштетиле буџетот за 64.206.839 денари или милион и 44 илјади евра“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи.

    Доказниот материјал, како што кажа Фетаи, упатува на основано сомнение дека комисијата го информирала првосомничениот дека не биле исполнети условите за јавно наддавање за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“ во Сопиште.

    „Тој составил нова комисија за преку нив да го реализира јавното наддавање и да изврши продажба на градежното земјиште. По само еден ден од формирањето на комисијата, иако знаеле дека не се исполнети условите за јавно наддавање, постапиле спротивно на правилата и по претходна согласност на првоосомничениот, објавиле оглас во дневни весници за продажба не земјиштето во Сопиште“, додаде Фетаи.

    Договор за купопродажба бил склучен со правното лице „Сан Сити“ ДОО Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира